Возбудени сме да ве запознаеме со Лебедово Езеро - каде што кулинарските задоволства се среќаваат со крајната релаксација! Потопете се во светот на вкусови во нашиот исклучителен ресторан, каде секое јадење е направено со страст и креативност. Од привлечни предјадења до декадентни десерти, нашето мени ветува дека ќе ги привлече вашите вкусови и ќе ве остави да копнеете за повеќе.

Но, тоа не е се! Препуштете се на чистото блаженство во нашиот луксузен спа центар, каде ве чека спокојство и подмладување. Разгалете се со широк спектар на релаксирачки третмани, од масажи до третмани за лице, дизајнирани да го топат стресот и да ве остават да се чувствувате освежени и ревитализирани. Без разлика дали барате гурманско јадење или ден на разгалување, Лебедово Езеро има нешто посебно за секого. Дојдете придружете ни се и тргнете на патување на кулинарски уживање и целосна релаксација.

Историја

Почнува со работа далечните деведесетти поточно 1990г. Првиот отворен ресторан во срцето на Ново село ресторан Лебед. Познати сме по специјалитети од скара и традиционални јадења збогатени со секаков вид на салати од македонската кујна. Со текот на работата се доага до идеја да денес работат три месарници кои произведуваат наши месни, сувомеснати и димени производи,за потребите на нашите клиенти под името Лебед месари, кои го носат епитетот на ресторанот во Ново село. По долги успешни години прераснуваме во Комплекс Лебедово Езеро со нова локација во подножјето на прекрасната планина Беласица, тромегието мегу република Бугарија и грција.

Местоположбата е лесно пристапна за нашите посетители и љубители на природата и вкусната храна. На само 2 км. од нас во падините на Беласица се наога познатиот Смоларски водопад кој е доста посетен како и Колешинските и Габровските водопади. Беласица плени со сите свои убавини и висока е 2030м. надморска височина. Изобилува со многу вода, шума, аронија, боровинка, див лук, здравец, папрат, орев, дива јагода, капина и познатиот смоларски костен поради кој секоја година се одрзува костенијада.

Комплекс Лебедово Езеро располага со ресторан од 200 места и летни тераси од 350 места. Сместувачки простор за нокевање во хотел и бунгала со мазонети околу 120 легла. Асфалтиран пат и паркинзи бесплатни за посетителите со сопствена самоуслужна перална за возилата. Во кругот на комплексот се наога зоолошка градина и детско катче и игралиште за деца. Комплексот има 4 базени од кои едниот е топол во склоп на СПА центарот кој е опремен со сауни, термални столови, стол за масажа, џакузи, фитнес справи и масер. Пристапен слободен интернет и пристапност до ГУГЛ мапа која овозможува да стигнете до нас. Конференциска сала од 50 места за разни состаноци.

Прекрасен амбиент со чист воздух и недопрена природа на Беласица, надополнета со нашата традиционална храна и специјалитети од скара, фурна, салати и десерти направени со многу љубов. Вреди да не посетите и да уживате во се што ви нудиме, за што говори нашето 35 годишно постоење, во кое последните години е најпосетено место во регионот. Ве очекуваме!